Мерцедес потврди, доаѓа во Србија

18

mercedesГерманската компанија Мерцедес ќе склучи стратешко партнерство со белградски Икарбус, потврди за РТС директорот на Мерцедес Бенц за Србија, Ролф Јирген Зејерле на саемот за автомобили во Франкфурт. Партнерството ќе се направи со помош на српската влада, а се преговара и за фабриката за камиони во Прибој, за која се уште се собираат податоци за можните облици на соработка.

На шасија од Мерцедес и со помош на нивниот менаџмент, Икарбус ќе прави надоградба за автобуси, кои ќе се пласираат и на трети пазари.

По Фиат, Мерцедес е втора голема странска компанија од автомобилскиот сектор што доаѓа во Србија.