
Германската автомобилска компанија „Mercedes-Benz Group AG“ ја разгледува можноста да пресели дел од производството на друг модел на возило во САД како одговор на царините од 25 отсто за увоз на автомобили што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, пишува Блумберг.
Тој потег би можел да биде принуден бидејќи компанијата на тој начин ќе ги компензира трошоците за новите мерки, изјави во четвртокот директорот на производството на Мерцедес, Јерг Бурцер.
Сепак, тој не откри кој модел би можел да биде преместен во фабриката во Тускалоса, Алабама.
„Сè уште го проценуваме влијанието на овие тарифи“, рече Бурцер на корпоративен настан во Штутгарт, Германија.
„Имаме јасни планови, но флексибилноста е апсолутно клучна.
Фото. Pixabay











