Мерцедес следната година го гаси производството на моделот SLS AMG

27

mercedes_sls_amgПрв пат го претстави пред четири години на саемот во Франкфурт, една година подоцна почна продажбата, а во јануари 2014, порано од планираното, Мерцедес ќе го запре производството на моделот SLS AMG. Германскиот произведувач со ова прави место за новиот модел 2016 Mercedes – Benz GT, автомобил кој ќе му парира на Porsche 911.

Според германскиот блог Mercedes-Benz Passion, производството на стандардните Mercedes-Benz SLS AMG GT купе и SLS AMG Roadster ќе запре во јануари следната година. Како резултат на тоа, неколку месеци подоцна, во јуни, ќа престане да се произведува и врвниот Mercedes-Benz SLS AMG Black  Серија 6.

Новиот модел GT во продажба треба да се најде во 2016 година и ќе чини 109.000 евра. Моторот ќе има 485 КС. По овој модел, Мерцедес ќе понуди и GT S варијанта со сила 550 КС и цена од 145.000 евра. До крајот на 2016 година на пазарот ќе се појави и GT Black серија со мотор 585 КС. Ќе чини преку 150.000 евра.