Merck ги продаде акциите на Moderna по зголемување на цената за 620%

70

Компанијата Мerck објави дека го продала својот удел во Moderna во четвртиот квартал.

Ден претходно, Moderna достави барање до Федералната агенција за храна и лекови да одобри итна употреба на нејзината вакцина против Ковид-19.

Merck инвестираше 50 милиони долари во Moderna во 2015 и во 2018 година.

Вредноста на акциите на Moderna во текот на 2020 година се зголеми за 620%. На втори јануари 2020 година акцијата на компанијата вредеше 19,23 долари, додека сегашната вредност е 149,34 долари.

Фото: Pixabay