Меркатор и во Хрватска ќе дели храна на сиромашните

21

mercator-hrМеркатор Хрватска планира да го следи примерот на својата матична куќа во Словенија и вишокот храна, односно храната чиј рок е пред истек, да ја дели на сиромашните.

“Меркатор Хрватска е во постапка на подготовка на проектот кој веќе го започна Меркатор во Словенија. Со овој проект, храната на последниот ден од рокот на траење ќе се донира на оние на кои им е потребна. Бидејќи се работи за активност со исклучително логистички потреби, проектот ќе заживее кога ќе се договорат сите детали за преземање и дистрибуција на храната затоа што е потребно сите активности да се ускладат со законските регулативи”, велат од Меркатор Хрватска за Нови лист.

До сега, сета оваа храна завршуваше на отпад.

Во Словенија, на иницијатива на Lyons клубот од Цеље, оваа акција ја прифатија три трговски центри – Меркатор, Туш и Шпар. Акцијата засега се реализира во Цеље, Марибор и Трбовље, а наскоро ќе се прошири и на Копер, Љубљана, Ново Место и Крањ.