Меркатор лани прокнижи над две милијарди евра приходи

47

Словенечки Меркатор минатата година имаше раст на приходите од 1,6%, а приходите од малопродажба им се зголемени за 3,7% во однос на 2019 година.

Вкупните приходи на Меркатор достигнаа 2,17 милијарди евра, добивката пред оданочување 162,8 милиони евра, додека резултатот прилагоден на деловните настани бил 4,7 милиони евра.

Пандемијата, како што оценуваат од компанијата, има директно негативно влијание и тоа од 18,8 милиони евра.

“Без оглед на ограничувањата што ги донесе пандемијата, значително го зголемивме приходот и дополнително го намаливме финансискиот долг што е за 5,3% понизок во однос на 2019 година“, вели Томислав Чизмиќ, претседател на Управата на компанијата.

Фото: Pexels