Меркатор продава 13 трговски центри во Словенија, БиХ, Хрватска и Србија

51

Компанијата Меркатор започна продажба на 13 трговски центри, еден во Словенија и 12 во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, пишуваат словенечките медиуми.

Со ова продолжува стратегијата за намалување на долговите на Меркатор. Оваа компанија, минатата година продаде 10 трговски центри во Словенија на австрискиот инвеститор Supernova, а сега го продава шопинг центар во Копер, како и четири недвижнини Хрватска, шест во Босна и Херцеговина и две во Србија.

Сите недвижнини се продаваат по принципот на закуп, што значи дека Меркатор ќе остане закупец на недвижнините што во овој момент ги поседува.

Стратешка цел на компанијата е намалување на долговите, да може до 2021 година да обезбеди финансиски средства за нови инвестиции во развој на бизнисот.