Меркел наместо во германски автомобил ќе се вози во Tesla

184

Властите во Германија, за прв пат, даваат можност официјално службено возило да се купи од производител надвор од земјата.

Според германски Bild, највисоките државни претставници избираа службено возило од редот на: Audi, BMW, Daimler Mercedes, Volkswagen. Но, со законската измена, властите во Германија даваат можност на американскиот производител на електрични возила, Tesla да биде официјално службено возило во коешто ќе се превезуваат највисоки претставници во земјата, вклучувајќи ја и канцеларката Ангела Меркел.

“Доколку германските производители не се во можност да произведат електрично возило, во изборот вклучуваме и странски производител на таков вид автомобили“, изјави Сабина Сментек, владин портпарол.

Како една од можните причини поради коишто е донесена одлука се наведува фактот дека германските производители не можат во многу краток временски период да ги задоволат строгите еколошки критериуми на своите премиум автомобили.

Други пак сметаат дека одлуката на германската влада е поради фактот што Tesla на Илон Маск во Берлин ќе ја гради својата Gigafactory, што ќе биде прва на европско тло.

Фото: Facebook