Меркел од виртуелниот Давос бара рамномерно распоредување на вакцините

35

Германската канцеларка, Ангела Меркел повика на рамномерно распоредување на вакцините во светот додека меѓу земјите расте конкуренција поради намалена понуда на фармацевтските лаборатории.

“Важно е да имате рамноправна поделба во овие моменти на слаба расположливост со вакцини. Сега сум посигурна од било кога дека мора да избереме мултилатерален пат и дека протекционизмот нема да го реши проблемот со поединечен пристап за вакцините“, рекла Меркел на виртуелната конференција на Светскиот економски форум.

Таа ја даде оваа изјава во момент кога нејзината земја е мета на критики поради бавната кампања на вакцинирање, како последица од намалената испорака на дози и додека Европската унија планира во иднина подобро да го контролира извозот на вакцини произведени на нејзина територија на други подрачја и во други земји.

Фото: Freepik