Мерки за надминување на проблемот со пласманот на градинарските производи

25

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе ги презентира мерки што ќе се преземат за производителите на градинарски производи, пишува Миа.

Проблемот со пласманот на македонските домати, според ресорниот министер Михаил Цветков, е во тоа што сезоната за производство задоцнила за 20 дена, поради лошите временски услови, и токму и заради тоа има и голема конкурекција на производството во земјите каде што извезуваме како земја.

Директорката на Агенцијата за финасиска помош, Билјана Вуковиќ информира дека Агенцијата за финансиска помош на земјоделство ќе преземе две мерки за хипер произвоидството на домати, со што на македонските производители ќе им се помогне.

“Тоа е мерката техничка помош со која ќе се поддржат извозниците на домати, а втората мерка е наменета за производителите на домати, која ќе оди преку Програмата за финансиска поддршка на земјоделството, односно ќе се субвенционираат производителите на домати дополнително од она што веќе им следува, по хектар производство, без оглед дали се произведени на отворено или во стакленици“, вели Вуковиќ.

Заменик министерот за економија Христијан Делев истакна дека веќе се прават напори со фирми да извршат откуп на дел од доматите, но исто така се бара и начин за активирање и на домашната козервна индустрија, која ќе ги земе и преработи големото производство на домати во овој момент.