Мерлин Монро “најдобра пријателка“ на фалсификаторите

45

И 60 години по нејзината смрт, ликот на Мерлин Монро и понатаму може да се најде на очила за сонце, маици, накит и други најразлични производи и тоа најчесто нелегално, пишува Bloomberg.

Authentic Brands Group, којашто ги има правата на името на познатата филмска ѕвезда и изразот Diamonds are girl’s best friend (дијамантите се најдобриот пријател на девојките), што произлегува од стих на нејзината популарна песна, го доби судскиот спор по којшто десетина интернет продавници, коишто продаваат фалсификувани производи со ликот на Монро, ќе се соочат со замрзнување на имотот.

Нејзиниот лик и денес е привлечен за многу фалсификувани производи што се продаваат преку интернет, а тој вид на продажба забележа голем пораст во услови на пандемија.

Монро имала само 36 години кога починала на четврти август 1962-ра година, кога била и на врвот на славата. Актерката била препознатлива по нејзината руса коса и витко тело, а и денес важи за една од најмаркантните личности во светот.

Authentic Brаnds Group е американска компанија за управување со брендови, а управува и со имотот на ѕвезди како што се Елвис Присли и Мохамед Али.

Фото: Pexels