Мешани европски берзи, цените на златото и пченицата паѓаат пред одлуката на ФЕД

Европските индекси денес се мешани, а цената на златото и пченицата падна, додека вниманието на инвеститорите е насочено кон Соединетите Американски Држави, каде што американската централна банка ФЕД ќе ја објави својата одлука за каматните стапки во 20:00 часот.

Аналитичарите проценуваат дека веројатноста за намалување на каматните стапки во Соединетите Американски Држави е околу 87 проценти, објавува CNBC.

Инвеститорите ќе ги следат и проекциите на американската централна банка за следната година, кои следат по одлуката за каматните стапки.