Меси доби деветгодишна правна битка за регистрација на свој бренд

128

Најбогатиот фудбалер на планетата, Лионел Меси може да регистрира трговска марка под своето име, дозволи највисокиот европски суд по деветгодишниот правен спор, пренесува Politico.eu.

Судот на правдата на ЕУ ја потврди пресудата на Општиот суд од 2018 година според која е малку веројатно неговата марка да се помеша со шпанскиот бренд на велосипеди, Massi, што звучи слично на Аргентинецот.

Меси во 2011 година се обиде да регистрира бренд со лого што се состои од неговото име со стилизирана буква М. Тоа веднаш покрена реакции од Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ. Но, судот го отфрли тоа, заклучувајќи дека презимето на Месо како јавна личност е добро познато.

Фото: Facebook