Меси секој ден губи по 100.000 евра

51

Откако на 30-ти јуни му истече договорот со Барселона, најдобриот светски фудбалер Лионел Меси секој ден губи по 100.000 евра, но тоа најверојатно не го загрижува 34-годишниот Аргентинец бидејќи во Барса заработувал околу 75 милиони евра по сезона, објавуваат спортските медиуми.

Меси во последниот месец бил во Бразил, каде што ја предводел аргентинската репрезентација до првото место на Копа Америка, што му е прв трофеј во репрезентативниот дрес, а на Аргентина прв наслов на овој шампионат по 28 години.

Аргентина викендов на Маракана го совлада Бразил со 1:0, а Меси играл во финалето и покрај тоа што бил повреден.

Според шпанските медиуми, Барселона постигнала нов договор со таткото на Меси, кој му е и менаџер, па Меси најверојатно ќе ја заврши кариерата на Камп Ноу, а договорот наскоро би требало да биде потпишан.

Фото: Facebook