Мета става крај на бранот масовни отпуштања

62

Компанијата Мета оваа недела го започна последниот, трет круг на отпуштања како дел од планот за укинување на работни места.

На почетокот на годината, Мета беше првата голема компанија  која објави втор круг масовни намалувања на работната сила, откако минатата есен беа отпуштени повеќе од 11.000 работници, пишува Ројтерс.

Отпуштањата го намалуваат бројот на вработени на компанијата до онаму каде што беше во средината на 2021 година, по динамичното вработување кое го удвои бројот на работници од 2020 година. Ројтерс известува дека неколку вработени во Мета работат во тимови како што се маркетинг, човечки ресурси, инженерство и корпоративна комуникација се на LinkedIn објавија дека се отпуштени, пренесува Пословни дневник.