
Американската технолошка компанија „Мета“ потврди дека започнала со тестирање на премиум претплата на социјалната мрежа „Инстаграм“ во неколку земји.
Претплатата, наречена „Инстаграм плус“, воведува дополнителни функции за корисниците кои се подготвени да платат за понапредни опции, фокусирани на приватноста и контролата на содржината, објавува TechCrunch.
Корисниците можат да ја видат „историјата“ на објавите без авторот да види дека се прегледани, како и да видат колку пати е прегледана нивната сопствена објава.












