Мета започнува нова рунда отпуштања: 4.000 вработени би можеле да останат без работа

15

Мета ќе спроведе уште еден голем круг отпуштања во среда, изјавија за Vox неколку извори кои работат во компанијата.

Во интерен меморандум објавен на огласната табла на своите вработени, Мета објави дека отпуштањата ќе започнат во среда и ќе влијаат на широк спектар технички работни места, вклучително и оние во Facebook, Instagram, Reality Labs и WhatsApp.

Портпаролот на Мета потврди дека е испратено писмо до вработените, но одби да коментира повеќе. Кратењата би можеле да бидат во опсег од 4.000 работни места, рече еден извор.

„Ова ќе биде тешко време бидејќи се збогуваме со пријателите и колегите кои придонесоа толку многу за Мета“, рече Лори Голер, извршен директор на Мета во меморандумот.

Отпуштањата доаѓаат откако извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг, во март изјави дека компанијата ќе укине уште 10.000 работни места во наредните месеци, откако веќе отпушти 11.000 во ноември.