Метро ги продаде супермаркетите во источна Европа

50

Германската компанија Метро група го продаде својот синџир Real супермаркети во источна Европа на францускиот конкурент Auchan.

Метро ги продаде своите 91 супермаркети кои се наоѓаат во Полска, Романија, Русија и Украина за 1,1 милијарди евра.

Конечното превземање на овие објекти ќе биде завршено следната година кога антимонополските агенции во овие земји ќе ја одобрат трансакцијата.

Извршниот директор на германски Метро, Олаф Коч. изјави дека компанијата ќе се фокусира на единиците Metro Cash & Carry и маркетите за електроника Saturn, додека ќе ги намалат инвестициите во Real и Galeria Kaufhof GmbH.

Брендот Real и понатаму ќе остане во рацете на Метро, кој планира и понатаму да го развива. Метро поседува вкупно 420 Real супермаркети.