Метро во Шангај воведува технологија за спасување човечки животи

2

aed-ured

Неколку главни станици од подземната железница во Шангај ќе бидат опремени со автоматски надворешни дефибрилатори (AED), пренесува China radio international на хрватски.

Станува збор за преносни електрични уреди што овозможуваат пружање прва помош при срцев напад. Доколку се искористи веднаш по застој на срцето, стапката на преживување на пациентот е значајно повисока.

Статистиките, како што се наведува, покажуваат дека секоја година во светот се случуваат по девет смртни случаи поврзани со застој на срцето. Вкупно 544.000 такви настани се случуваат во Кина, што е највисока бројка во светот. Од тој број, вкупно 15% се случуваат на јавни места.