Министерството за финансии ја информира јавноста дека е отстранет техничкиот проблем и податоците на порталот “Отворени финансии” се ажурирани. Поради нестручност на фирмата која го одржува порталот, воедно и поради недостаток на ИТ кадар, системот не бил навремено одржуван, а проблемот започнува да се јавува уште во февруари месец. Вработените од ИТ секторот во координација со новиот советник за ИТ технологии успешно го вратија во функција порталот “Отворени финансии” и ќе продолжат да работат на негово подобрување. Податоците ќе продолжат да се ажурираат согласно утврдената динамика на нивно објавување. Корисниците преку овој портал можат да пребаруваат информации за реализација на Буџетот одделно по институции и извршени трансакции. Порталот претставува алатка за унапредување на транспарентноста и и дава на јавноста увид во трошењета на парите на граѓаните од страна на буџетските корисници.
Најчитани
Кој е наследник на империјата на Миодраг Костиќ: Се вика Александар, има 30 години...
Српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ почина денеска на 65-годишна возраст, оставајќи зад себе огромна деловна империја. Тој пред пет години се повлече од менаџерските функции,...
Во тек е исплата на парите од “Мој ДДВ”
Исплатата на МојДДВ за третиот квартал 2024 година е во тек.
До сега се изготвени налози за поврат кон 370.603 лица во износ од 658.280.592,00...
Заборавете на CV: Младите го менуваат начинот на кој аплицираат за работа
Генерацијата Z го менува начинот на кој аплицираат за работни места со тоа што ги отфрла традиционалните формати на биографија и наместо тоа, прави...
Alibaba тврди: Ние сме подобри од Google и ChatGPT
Меѓународната подружница на Alibaba во средата лансираше ажурирана верзија на својата алатка за превод базирана на вештачка интелигенција, за која вели дека е подобра...
Што е солемнизација?
Од една страна, нотарот проверува дали договорот е составен во пропишана форма, а од друга страна на странките им ја објаснува смислата и последиците од тој договор.