МФ: Во јули само една аукција на државни хартии од вредност

23

Aукцијата на државни хартии од вредност, којашто според Календарот на аукции беше предвидена за денеска, нема да се реализира, стои во соопштението на Министерството за финансии (МФ).

Согласно тоа, од двете редовни аукции на државни хартии од вредност, во месец јули ќе се одржи само една аукција. Инаку, во месец јули се вратени 620 милиони денари, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност.

Фото: Freepik