МФ: Во вториот квартал излегуваме од кризата, се очекува раст од 4,1 проценти

49

Министерството за финансии оценува дека се стабилни очекувањата за раст од 4,1 проценти и инфлација од 2,1 процент годинава.

– Годинава нема да биде лесна и свесни сме за сите предизвици и за проекциите на Светска банка и ММФ за ковид и очекувањата на инвеститорите. Од аспект на приходите на буџетот се позитивни и очекување веќе во вториот квартал да излеземе од кризата, посочија од Министерството за финансии на денешниот брифинг.

Од Министерството за финансии потврдуваат дека цврсто стојат на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање ниво од 60 проценти од БДП, што е во рамки на мастришкиот критериум.

Државниот долг заблежа намалување од 3,9 процентни поени. Денешните објавени податоци покажуваат дека тој се спушти на ниво од 52 проценти од БДП во однос на 30.6.2021, кога беше на ниво од 55,9 проценти, односно забележа намалување од 3,9 процентни поени. Значајно е тоа што средствата што беа обезбедени на меѓународниот пазар на капитал во изминатиот период се со историски најниска каматна стапка од 1,625 %.

Имено, намалувањето на државниот долг се должи пред се на раздолжувањето на Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра извршена во јули годинава. Ова раздолжување ќе влијае и на намaлување на состојбата на јавниот долг, што ќе биде евидентирано со податоците објавени за нивото на јавниот долг заклучно со третиот квартал. Согласно со утврдената динамика, Министерството за финансии објавува податоци за јавниот долг на квартално ниво.