Ми Да Моторс го претстави најновиот модел Volvo S90

19

Volvo S90 - 3

Најновиот седан Volvo S90, со својата елеганција и префинет изглед, денеска беше промовиран во салонот на Ми Да Моторс во Скопје. Природата, светлината, љубовта и пријателството, што се стандарди одлики на брендот Volvo, се дефинирани и во најновото S90, стои во соопштението.

“Како и неговите ’браќа’ – XC90 и V90, новата S90-ка, гордо, го носи самоувереното лице на новата Volvo дизајнерска линија, заедно со класичните стилски знаци на брендот. Клучните елементи го вклучуваат дизајнот на фаровите во форма на легендарниот ’чекан на Тор’, новата предна решетка, Volvo железниот симбол, како и изразената употреба на симболот Volvo на задната страна“, стои во соопштението.

Моделот S90 на Volvo е новиот премиум предводник со четири врати и пет седишта. Изграден е на новата напредна модуларна производна платформа на Volvo, Scalable Product Architecture (SPA), којашто ги поткрепува сите нови Volvo автомобили од 60 и 90 сериите.

Овој автомобил ќе го возат личности кои имаат контрола врз својот живот, ја отсликува нивната професионална и лична состојба и овозможува безбедно возење со паметната технологија. Од Ми Да Моторс велат дека “ова возило е насочено кон индивидуалци кои не се задоволуваат со ’океј’, односно повеќе се мотивираат со потрагата отколку со наградата“.

Благодарение на новата технологија Volvo’s connectivity сите нови возила веќе се поврзани. Таа вклучува интуитивен екран чувствителен на допир, што ги комбинира функциите на автомобилот, навигацијата, врзаните услуги и апликациите за забава во самата кола, како што се програмите за слушање музика Spotify, Pandora, Baidu или TuneIn. Вертикалниот екран чувствителен на допир овозможува брз и лесен пристап до многу други функции и карактеристики.

Новото S90 е придвижувано од новите Drive-E мотори, коишто се состојат од бензинска, дизел и плаг – ин хибридна верзија. Преносот кај нив е преку 8-степен автоматски менувач. Електричните мотори овозможуваат автономија до 45 километри на час на електричен режим, додека комбинираната сила заедно со бензинскиот мотор изнесува 407 коњски сили.

Водството на Volvo на полето на автономни возила уште повеќе е потврдено со S90. Додадена е и функционалност за автоматско управување наречена Run Off Road Mitigation, којашто помага возилото да остане на патот во случај возачот да изгуби контрола. City Safety технологијата на Volvo, стандардна во сите модели, ги комбинира функционалноста на автоматските сопирачки и системот за избегнување судир за да покрие широк спектар потенцијални сценарија за несреќи и помага патниците да се чувствуваат безбедно.

Комплетниот систем за безбедност на Volvo, наречен IntelliSafe, опфаќа пасивни и активни безбедносни системи и ја формира основата за лидерство на Volvo на полето за автономно возење. S90-ката нуди полуавтономно возење со Pilot Assist, којшто функционира на јасно обележани патишта и до брзина од 130 километри на час и претставува уште еден чекор кон визијата на Volvo, според која никој не треба да загине или сериозно да биде повреден во ново Volvo до 2020 година.

Volvo S90 моделот на автомобил пристигна како дел од седумте возила кои го сочинуваат Volvo Балканскиот карван кој, прв пат, се организира во Македонија и ќе биде поставен денеска, од 13 до 19 часот, пред Скопје Сити Мол.