Michelin инвестира во производство на нови модели на гуми во Романија

65

michelin-facebook

Фото: Facebook

Францускиот производител Michelin Group инвестира 33 милиони евра во фабрика во Романија со цел да почне производство на нови модели на гуми, пишува Romania Insider.

“Новиот стратешки проект за фабриката во Романија целосно се вклопува со 40-годишниот континуиран развој. Многу сум горд што тимот на Michelin постојано придонесува во стратегијата за раст на групацијата. Фабриката е подготвена да се справи со новите предизвици за поставување на модерна опрема, лансирање нови брендови и имплементација на бизнис модел што ја поврзува со клиентите“, изјави Шон Пери, директор на Michelin во Романија.

Во фабриката на Michelin во Романија се произведуваат 130 видови на гуми за европскиот, азискиот, африканскиот и американскиот пазар. Во овој момент има 1.130 вработени, а со новата инвестиција се планираат 100 нови работни места до 2021 година.