Microsoft доби дозвола повторно да продава софтвер на Huawei, Google не

33

САД дадоа одобрение на Microsoft повторно да продава софтвер за “широка употреба“ на кинескиот гигант Huawei.

Иако не е назначено што сè е вклучено под тој термин, се претпоставува дека станува збор за Windows и Office и производи од типот на MateBook X Pro, пишува Engadget.

Како што потенцираат официјалните лица, некои компании, исто така, се на ред да добијат дозвола за повторна соработка со Huawei, но Google не е една од нив.

Засега тоа има најголемо влијание врз бизнисот на кинеската компанија, од причина што сите телефони на Huawei се без Android оперативен систем и соодветните апликации.

Купувачите што ги сакаат Chrome, Gmail и останатите апликации на Google сè уште не можат да ги добијат на нивните Huawei телефони.

Фото: Pixabay