Microsoft го претстави Surface Go како конкуренција на iPad

45

Microsoft влегува на пазарот со евтини таблети преку Surface Go, 10 инчен конкурент на iPad-от од Apple.

Десет инчниот Go којшто тежи околу 500 грама и доаѓа со цена од 399 долари, наликува на Surface, поголемиот таблет на Microsoft. Тоа е половина од цената на најевтиниот Surface Pro таблет и може да се спореди со 9,7 инчниот Galaxy Tab S2 на Samsung, но е 70 долари поскап од 9,7 инчниот iPad.

Go иако цели кон сите корисници, сепак може да му помогне на Microsoft да задржи предност во борбата против Apple и Google за поголем удел во пазарот на студенти.

На пазарот доминираат Chromebook лаптопите на Google односно ги снабдуваат училниците со приближно 60% од сите уреди, додека уредите на Apple сочинуваат 17% од пазарот. Surface Go има големина на еден notebook комјутер и користи софтвер со Windows 10 S. Има тастатура којашто се одвојува и доаѓа со дигиталното Surface Pen.

Фото: Microsoft