Microsoft и Cisco стипендии и можност за вработување преку летната IT школа

51

moc_2-for-web

Втора година по ред, Семос Едукација стартува менторски програми за студенти и невработени лица со цел стекнување на практични вештини кои се бараат најмногу на пазарот на трудот од областа на IT технологиите. Сите оние кои се заинтересирани за преквалификација или надоградување на знаењата во IT технологиите, не мора да имаат претходно познавање во областа на програмирање и мрежи, стои во соопштението.

Microsoft IT летната школа е со две програми: првата програма опфаќа дизајн и изработка на модерни web страници и напредни web апликации, додека втората програма е наменета за сервер администратори за одржување на Microsoft инфраструктури со Windows Server 2016 (инсталација на сервери, мрежни сервиси и нивно тековно одржување). Cisco IT летната школа е наменета за сите оние кои сакаат да се занимаваат со дизајн и имплементација на мрежна инфраструктура со Cisco мрежни уреди и нејзино тековно одржување, имплементација на безбедносни протоколи во мрежа, имплементација на мрежни протоколи (OSPF, EIGRP). Пред се обуката се базира на работа на реална Cisco опрема.

cisco-2

Времетраењето на овие две менторски програми се вкупно три месеци и ги опфаќа јуни, јули и август каде вкупниот број на часови за Microsoft летната школа е вкупно 120 часа, а за Cisco IT летната школа е 80 часа.

Она што е генерална придобивка за сите слушатели на програма е дека од почеток работат на реални проекти кои се нарачани од страна на еминентни компании. За Microsoft IT летната школа слушателите на програмата ќе имаат можност да  работат за НЛБ Банка, Оптима и Смарт солушнс.

Програмите се одвиваат се официјални програми од Microsoft и Cisco, со официјални тренери со долгогодишно искуство, со официјални книги и вежби креирани од Microsoft и Cisco експертите. Секој слушател ќе добие официјални дипломи за посета на курсот.

Во текот на седми и осми јуни ќе има отворен ден и бесплатно тестирање. Потенцијалните слушатели ќе имаат можност да се запознаат со менторските IT програми и фирмите со коишто ќе работат на реални проекти. Најдобрите кои ќе освојат најмногу поени на бесплатното тестирање ќе добијат целосна стипендија од Microsoft или Cisco.

“Пред да ги посетувам курсевите од Microsoft летната школа за веб програмирање 2016 во Семос Едукација, немав никаква допирна точка со програмирање. За време на оваа летна школа, не само што се стекнав со практични знаења и вештини од курсевите, туку имав и можност истите да ги применам, работејќи на реални проекти во една од македонските IT компании кои беа дел од менторскиот процес. По завршувањето на летната школа и праксата, веќе неколку месеци работам како .NET програмер”, изјави Стефан Стојковиќ.

“Учесниците на летната школа, покрај можноста да добијат бесплатен испит, вредни стипендии, ќе имаат и можност веднаш да се вработат доколку се истакнат во текот на обуките и изработката на проектите”, изјави Ирена Ивановска, раководител на одделот за IT професионалци во Семос Едукација.

Според досегашните искуства, добитниците на стипендии од претходните генерации, сега се веќе вработени и успешни IT професионалци кои своето формално образование го имаат надополнето со обуките во Семос Едукација и на тој начин си имаат обезбедено напредок во кариерата.