
„Мајкрософт“, сопственикот на „Скајп“, објави дека на 5 мај официјално ќе ја затвори оваа комуникациска платформа по повеќе од две децении постоење.
Од 2003 година, Skype беше првата платформа што им овозможи на корисниците пристап до бесплатни аудио и видео повици од компјутер до компјутер низ целиот свет и префрлаше фиксни и мобилни повици на Интернет.
Како што изјавија од „Мајкрософт“, нивната цел е да ја поедностават понудата за корисниците и да се фокусираат на нивната „моќна бизнис платформа Teams“, кон која милиони преостанати корисници на Skype ќе бидат пренасочени во наредните денови, објавува Independent.