Microsoft ja носи новата генерација на СМС пораките

48

Технолошкиот гигант Microsoft најави поддршка за нова услуга што може да се смета за нова генерација на СМС пораките.

Компанијата ја разви апликацијата Your phone, што има за цел да го подобри односот меѓу оперативниот систем на Microsoft и Android. Преку апликацијата, корисникот може да прима известување за своите апликации директно на компјутерот, што е практично ако телефонот не му е при рака. Исто така, може да се примаат и испраќаат пораки, но и да се прават повици од компјутерот, а овозможува и пристап до некои други апликации од телефонот.

Апликацијата, исто така, дава поддршка за Rich Communication Services, познати како RCS, што се смета за нова генерација на СМС пораките. RCS функционира слично како услугите за размена на пораки на WhatsApp или Facebook Messenger.

Пораките може да се испраќаат ако телефонот е приклучен на Wi Fi или користи мобилен интернет, а може да се испраќаат и видео снимки, фотографии, како и групни разговори.

Фото: Pexels