Microsoft ќе ги замени новинарите со роботи

47

Десетиците новинари кои работат на веб страницата, Microsoft ќе ги замени со вештачка интелигенција и автоматски системи ќе одлучат кои статии ќе бидат објавени, пишува BBC.

Новинарите во моментов се одговорни за избор на статии од различни медиуми и фотографии и создавање наслови на веб-страницата на Microsoft.

Задачата ќе ја преземе вештачката интелигенција, изјавија извори за Seattle Times.

Microsoft соопшти дека станува збор за промена како дел од деловната проценка.

“Како и другите компании, ние редовно го проценуваме нашиот бизнис. Ова може да резултира во зголемени инвестиции во одредени сегменти и, од време на време, прегрупирање во други. Овие одлуки не беа донесени заради тековната пандемија”, се вели во соопштението на Microsoft .

Околу 50 хонорарни новинари ќе го загубат договорот со Microsoft до крајот на јуни,  но вработените со полно работно време нема да бидат отпуштени од работа.

Некои отпуштени новинари укажаа на можноста вештачката интелигенција да не ги знае строгите правила на уредување, така што несоодветна содржина би можела да заврши на веб-страницата.

Фото:Pixabay