Microsoft ќе инвестира милијарда евра во Австрија

41

Microsoft во наредните две до четири години ќе инвестира милијарда евра во изградба на првиот Cloud компјутерски центар во Австрија.

“Австрија ќе биде дел од 64 компјутерски центри на Microsoft“, истакна директорката на Microsoft во Австрија, Дороти Риц.

Таа посочи дека центарот на Microsoft ќе донесе дополнителни 29.000 работни места во наредните четири години.

Локацијата на којашто треба да биде изграден центарот во Австрија, не ја откри напоменувајќи дека тоа се држи во тајност од безбедносни причини.

Фото: Pixabay