Microsoft ќе укине 650 работни места во својот оддел за Xbox

97

Американската технолошка корпорација Мајкрософт објави дека ќе укине 650 работни места во својот оддел за игри на Xbox.

Извршниот директор на одделот за игри на Мајкрософт, Фил Спенсер, објави дека компанијата донела „тешка одлука“ и изрази благодарност за сработеното од страна на вработените кои ќе бидат засегнати од овие промени.

Ова е трета серија отпуштања во одделот за игри на Мајкрософт откако компанијата ја купи компанијата Activision Blizzard за 69 милијарди долари, додека се обидува да го прилагоди бројот на вработени на новата ситуација, пренесува CNBC.

Мајкрософт претходно укина 1.900 работни места во својот оддел за игри во јануари, само три месеци откако го заврши купувањето на Activision Blizzard, компанијата зад популарната видео игра Call of Duty.