Во Скопје се одржа настанот Windows 10 Device Days кој беше вистински начин како бизнис корисниците да научат да го позиционираат вистинскиот Windows 10 уред, се вели во соопштението.
Настанот, чиј спонзор беше HP, се случуваше на светско ниво, а Microsoft Macedonia го организираше во соработка со Comtrade. Сите бизнис соработници на Microsoft имаа можност да слушнат како до Windows 10 и зошто да се користи Windows Pro, како и ги дознаа новите HP уреди за комерцијални корисници. Потоа, сите дознаа за најновите Windows уреди за образование.
Говорници на настанот беа Билјана Јанева, Влора Адеми од Microsoft Macedonia, Microsoft Certified Trainer Владимир Степиќ и Горан Ивановски од HP.
Настанот заврши со прогласувањето на победникот од кампањата Windows 101010. Изминатите десет дена социјалните медиуми во Македонија беа најинтересното, најкреативното и најиновативното катче на интернет, каде десет познати личности учествуваа во глобалната кампања на Microsoft Macedonia за Windows 10: “10 познати. 10 дена. Windows 10“.
Десетте популарни лица од различи професии во Македонија, 10 дена работеа со новиот оперативен систем и своите иновативни и интересни коментари ги објавуваа на социјланите мрежи. Вчера на Windows 10 Device Days, беше откриен победникот на најиновативната кампања на интернет која ја одбележаа илјадници лајкови. Сосема заслужено актерот и вљубеникот во технологија, Гораст Цветковски, кој секојдневно објавуваше интересни постови поврзани со неговото секојдневие и новитетите на Windows 10, беше прогласен за победник. Гораст информацијата за победата ја доби преку Skype каде облечен како Дедо Мраз се појави пред присутните.
“Навистина сум среќен што бев дел од оваа иновативна интернет кампања на Microsoft. Навистина уживав овие десет дена, комуницирав со моите фанови на Facebook, објавував интересни постови поврзани со Windows 10 и секако се дружев во останатите учесници во кампањата. Инаку и други луѓе во животот ми имаат кажано дека сум им бил најдобриот до сега, но ова признание кое го добивам ми е навистина најмило. Што се однесува до Windows 10, без конкуренција би кажал дека е најдобриот до сега оперативен систем!“, изјави Гораст.
За одбележување е вистинскиот бум на социјалните медиуми, кој беше претставен преку двата најсподелувани хаштага во последните 10 дена на интернет, #најдобриотдосега и #w101010. Microsoft на едно место успеа да ги собере македонскиот ракометен репрезентативец и член на Вардар со кој се натпреварува во Лигата на Шампионите Стојанче Стоилов, популарниот ТВ и радио водител Димитар Атанасовски, social media гуруто Богдан Илиевски – Бетмен Велит, македонскиот “рок енд рол“ поет Дарко Лешоски, европскиот шампион на ридски патеки за 2014 и 2015 година Игор Стефановски – Иџе, ТВ водителката Снеже Велков, претставникот на фан групата на Microsoft Macedonia Иво Гиевски, еден од најдобрите студенти на ФИНКИ Наталија Најдова и победникот на квизот од наградната игра на Facebook страницата на Microsoft Macedonia, Стефан Маркоски, како и победникот Гораст Цветковски.