Microsoft најави значително намалување на активноста во Русија

66

Американската компанија Microsoft најави значително намалување на активностите во Русија поради влошените економски перспективи поради војната во Украина и влијанието што тоа ќе го има врз бизнисот на тој технолошки гигант.

„Како резултат на промената на економските перспективи и влијанието врз нашиот бизнис во Русија, решивме значително да ги намалиме активностите во Руската Федерација“, се вели во соопштението на Microsoft, пренесе „Блумберг“.

Одлуката на Microsoft да ги намали своите активности во Русија значително ќе влијае на повеќе од 400 вработени во филијалата на таа компанија во Русија.