Microsoft се спрема за големо преземање

25

Microsoft се подготвува за најголемото преземање во својата историја, откако пред неколку месеци почна разговори со Pinterest.

Оваа платформа достигна пазарна вредност од 51 милијарда долари, по растот од 600% во време на пандемија. Во овој момент од Pinterest сигнализираат дека сакаат да останат независна компанија.

Потенцијалното преземање на Pinterest од Microsoft би можело да биде интересен тест за администрацијата на Џо Бајден, којашто најверојатно ќе ја запре концентрацијата на моќ на големите high tech компании.

Едно од клучните преземања на Microsoft во последните години беше LinkedIn за 26 милијарди долари во 2016 година.

Pinterest има база од 459 милиони корисници, а податоците што би ги извлекол Microsoft би бил значаен ресурси за неговата маркетинг стратегија.

Фото: Pixabay