Microsoft влезе во клубот на најелитните – вреди 2.000 милијарди долари

60

Компанијата Microsoft официјално влезе во најелитниот клуб на корпорации чијашто пазарна вредност надминува 2.000 милијарди долари. Овој технолошки гигант, по Apple, e втора американска компанија којашто ја достигна таа вредност.

Саудиската нафтена компанија Aramco, која дебитираше на берзата во 2019 година, исто така ја надмина оваа граница порано, но вчера нејзината пазарна капитализација беше 1.880 милијарди долари.

Microsoft достигна пазарна вредност од над 2.000 милијарди долари за време на вчерашното тргување на Wall Street. Цената на нејзините акции се зголеми за 1,1% во вторникот, на 265,51 долари.

Фото: Pixabay