Микаила Улмер од САД има само 11 години, а веќе постигна успех на којшто можат да ѝ позавидат многу бизнисмени и претприемачи од целиот свет.
На само четиригодишна возраст се пријавила на натпревар за детски бизниси Acton Children’s business fair и Austin Lemonade day, каде што со помош на нејзината прабаба се претставила со рецепт од 40-тите години на минатиот век за подготовка на лимонада од ленено семе.
Но, таа направила еден чекор понапред, вметнувајќи го и хранливиот мед во нејзиниот рецепт за вкусна и освежителна лимонада. Така се родила идејата за BeeSweet Lemonade, што денес доживува вистинска експанзија.
Освен што има одлична смисла за бизнис, Микаила ја продава лимонадата на младински претприемачки настани, по што одреден процент од профитот го донира во организации и здруженија коишто се борат за заштита на пчелите.
“Сакам да помогнам да се заштитат и зачуваат пчелите и за тоа го користам рецептот на мојата прабаба“, вели малата Микаила, која создава нови вкусови на лимонада.
Шишињата со вкусна и здрава лимонада можат да се најдат на полиците на Whole foods market, што е најголем светски продавач на природна и органска храна, како и во голем број ресторани, продавници за храна…