Микрософт го гаси Месинџер, Скајп ќе го замени

22

Микрософт реши дека е време да му каже збогум на Месинџер, но не и на неговите 100 милиони корисници. Скајп сега станува главен сервис за виртуелна комуникација на различни уреди.

Сите корисници на Месинџер сега ќе имаат задача да се пријават со истото корисничко има на Скајп кој во моментов брои 280 милиони корисници на месечна основа.
Сервисот на Виндоус кој беше лансиран во 1999 година, ќе престане да постои во целиот свет во март, со исклучок на Кина.

Со пуштањето на верзијата 6 пред две недели, Скајп додаде поддршка за да им го олесни преносот на сите корисници на Месинџер.

Во 2011-та Месинџер броел 300 милиони активни корисници, но тој број за кратко време паднал на 100.
Скајп ќе ги задржи само основните опции на Месинџер, како што се праќање пораки и видео чет, додека функцијата “nudge” и слично, нема да бидат вклучени во трансферот.
Според проценките, во текот на една година Скајп му има заработено на Микрософт околу 200 милиони долари.