Еден од најпочитуваните индиски претприемачи, Н.Р. Нарајана Мурти, смета дека младите треба да останат на работа подолго ако сакаат да видат нивната земја да стане глобална економска сила.
Ко-основачот на софтверската империја Infosys, рече дека на земјата и треба „многу решителна, крајно дисциплинирана и исклучително вредна младина, која треба да поминува 70 часа неделно на работа.
„Знаете, токму тоа го направија Германците и Јапонците по Втората светска војна“, изјави вчера Мурти, според Си-Ен-Ен.
-Некако кај нас младите имаат навика да ги преземаат не толку посакуваните навики на Западот и со тоа не и помагаат на државата. Продуктивноста на трудот во Индија е една од најниските во светот – додаде тој.
Технолошкиот тајкун рече дека корпоративните лидери во Индија треба да ги мотивираат младите да „работат напорно“ велејќи им дека „за прв пат Индија има одредена мерка на почит на глобално ниво“.
Според Меѓународниот монетарен фонд, Индија е една од најбрзо растечките големи економии во светот и оваа година ќе се прошири за 6,3 проценти.
Коментарите на Мурти доаѓаат во време кога начинот на кој луѓето размислуваат за бизнисот драстично се менува, особено на Запад и во Кина. Младите во Кина веќе неколку години се борат против работната култура „996“ во земјата, односно практиката да работат од 21 до 21 часот, шест дена во неделата.
Во Америка веќе некое време постои тренд на „тивко напуштање“ во кој луѓето одлучуваат да престанат да вршат работа што е подалеку од она за што биле ангажирани.
Коментарите на Мурти наидоа на осуда на мрежите. Во текот на изминатите неколку недели, истражувањата покажаа дека Индијците се сметаат себеси за меѓу најпреморените и најслабо платените луѓе во светот.