Милијардер направи богатство од продажба на играчки

120

Pop Mart е брзорастечка компанија за играчки од Пекинг на 33 -годишниот Ванг Нинг. Тој продава мали играчки за околу осум долари во таканаречени “слепи кутии“, коишто не откриваат каква играчка се “крие“ во внатрешноста.

“Ова е тренд на младите генерации“, вели Нинг за магазинот Forbes.

Pop Mart минатата година продаде играчки (Labubus и Dimoos и други играчки) во висина од 240 милиони долари, што е двојно повеќе одошто во 2018 година. Компанијата, основана пред 10 години, е профитабилна и остварува нето приходи од 63 милиони долари. Нинг планира оваа година да ја котира неговата компанија на берзата и да достигне вредност од 2,5 милијарди долари.

Фото: Freepik