Почетна Економија Милијардери кои завршија во затвор

Милијардери кои завршија во затвор

166

На листата на магазинот Forbes се наоѓаат сегашни и поранешни милијардери кои служеле или служат затворска казна. Меѓу нив се ко – сопственикот и директор на Samsung, мексиканскиот нарко бос и некогаш најбогатиот Русин.

Ален Стенфорд

10 години зад решетки и служи казна затвор од 110 години

Беше на листата на милијардери до 2009 година

Стенфорд во 2009 година е обвинет за понзи шема во износ од седум милијарди долари. Стенфорд во 2012 година е осуден на 110 години затвор поради измама, опструкција на истрагата и перење пари. Наредено му е да плати 5,9 милијарди долари, а дел од парите беа наменети за жртвите на неговите измами.

Михаил Ходорковски и Платон Лебедев

Поминаа 10 години во затвор

Ходорковски беше на листата на милијардери до 2006 година, а Лебедев до 2005 година

Некогаш најбогатиот човек во Русија со 15 милијарди долари и 16-та најбогата личност во светот, Ходорковски во 2004 година стана најпознатиот затвореник во својата земја. Заедно со бизнис партнерот Платон Лебедев беа уапсени за затајување на данок во 2003 година.

Тој ја изгуби својата компанија за гас Yukos и доби 13-годишна затворска казна во контроверзно судење. Ходорковски вели дека со судењето манипулирал рускиот претседател Владимир Путин. Бизнис партнерите требаше да бидат пуштени во 2011 година, но повторно беа осудени поради проневера и перење на пари и добија казна од шест години затвор.

Дури на 19 декември 2013 година, Ходорковски е пуштен од затвор кога го помилува Путин, поради лошата здравствена состојба на неговата мајка, а Лебедев е ослободен еден месец подоцна.

Хоакин Гузман – Ел Чапо

Во затвор е веќе две години

На листа на милијардери беше до 2013 година

Ел Чапо е долгогодишен лидер на мексиканскиот картел Синалоа. Тој два пати бегаше од мексиканскиот затвор, но е фатен и испорачан во САД 2017 година. Осуден е 2019 година за трговија со наркотици и перење на пари и сега служи доживотна казна. Исто така, му е наредено да плати 12,6 милијарди долари надомест за штета.

Ли Џае Јонг

Во затвор помина 11 месеци

Неговото богатство изнесува седум милијарди долари

Во 2017 година, потпретседателот на Samsung Electronics, Ли е осуден во Јужна Кореја поради обвинение за давање поткуп и за неколку други кривични дела поврзани со корупција.

Судскиот процес против Ли траеше неколку месеци и е дел од големиот корупциски скандал што предизвика смена на претходната јужнокорејска претседателка Парк Геун-хие, која исто така е обвинета за корупција. Пуштен е во 2018 година, откако издржа 11 месеци затвор. Се соочува со ново судење кое би можело да го врати во затвор поради поткуп, вклучувајќи и подарување на коњ вреден 2,8 милиони долари за ќерката на претседателката.

Фото: Pexels