Милијардерот Брансон денеска лета во вселената и ќе има пренос во живо

66

Милијардерот Ричард Бренсон (70), англиски тајкун и основач на компанијата Virgin Galactic денеска попладне со вселенско летало SpaceShipTwo и пет члена на екипажот ќе отпатува во вселената.

Вселенското летало ќе се лансира во вселената од космодромот Spaceport America  во американската држава Њу Мексико, а нивното патување ќе се емитува на профилот на  You Tube каналот на Virgin Galactic и на Space.com. Преносот ќе започне во 15 часот.

Додека Ричард Брансон и Џеф Безос тврдат дека не се во трка да бидат првиот милијардер со свое летало во вселената, долга низа богати луѓе се трудат да бидат меѓу првите славни личности што ќе отпатуваат до работ на бесконечното.

Компанијата Virgin Galactic на Бренсон веќе има повеќе од 600 резервации на билети, кои чинат околу 250.000 американски долари. Се очекува да почне целосна комерцијална услуга во 2022 година и се надева дека на крајот ќе ја намали цената на билетот на околу 40.000 американски долари.

На списокот има познати личности како Леонардо Ди Каприо, Том Хенкс, Бред Пит, Анџелина Џоли, Расел Бренд, Лејди Гага, Кети Пери, Џастин Бибер и Ештон Качер.

Фото: Facebook