Милијардерот Брансон го шири бизнисот во БиХ

116

Компанијата Virgin Pulse Bosnia, во сопственост на британскиот милијардер Ричард Брансон, ги шири своите капацитети во Босна и Херцеговина.

Компанијата на Брансон ќе го зголеми деловниот простор во Тузла на 2.300 метри квадратни, а ќе бидат отворени и над 15 работни места за софтверски инженери, пишува Manager.ba.

Производот Virgin Pulse е иновативна дигитална платформа што го користат компании од различни индустрии со цел промоција на здрави животни навики меѓу своите вработени.

Користејќи го овој производ, вработените се охрабрени и наградени да водат здрав живот, што подразбира воведување физичка активност, здрави навики во исхраната и одржување на квалитетна социјална интеракција со колегите.

Брансон претходно ја презеде компанијата Piksel Interactive од Тузла, којашто вработува околу 100 млади и образовани луѓе, со што стана дел од групацијата Virgin и го смени името во Virgin Pulse Bosnia.

Фото: Facebook