Милијардерот Брансон, од приватен остров на Карибите, бара финансиска помош од британската влада

1381

Милијардерот Ричард Брансон, сопственик на авиокомпанијата Virgin Atlantic, се обидува да ја убеди британската влада да му одобри финансиска помош во износ од 500 милиони фунти, за да ја преживее пандемијата и падот во секторот транспорт.

Овој апел го упатил од приватниот остров на Карибите, каде живее последните 14 години. Освен на британската влада, истата молба, но со повисок износ од 700 милиони фунти, упатил и до австралиската влада.

Тој беше поддржан од шефовите на Airbus, европски производител на авиони што прави  мотори и за неговата компанија. Тие ги предупредија британските министри дека колапсот на авиокомпанијата на Брансон би можела и нив да ги однесе надолу.

Поранешниот британски канцелар Џон Мекдонел за Guardian  го коментираше потегот на Брансон, велејќи дека е неприфатливо за таквите “богати милијардери“ да “молзат од системот во време на национална криза“.

Фото: Facebook