Милијардерот Џек Ма донираше медицинска опрема на Србија

140

Alibaba фондација и Jack Ma фондација донираа во Србија маски, респиратори, заштитна облека и визири во борба против Ковид – 19.

Станува збор за медицинска опрема којашто стигна во Србија благодарение на милијардерот, Џек Ма кој е основач на Alibaba, компанија што се занимава со интернет трговија и технологии, пишува Bizlife.

Оваа донација е една од низата добротворни иницијативи на Alibaba фондација и Jack Ma фондација, со цел да се пружи поддршка и испорача медицинска опрема во делови од светот кои се најмногу погодени од вирусот.

Фондациите, исто така, финансираат и истражувања за лекување од вирусот Ковид-19, во Кина и САД.

Фото: Facebook