Саудиска Арабија има проблеми со парите, па затоа владата објави дека ги намалува државните расходи за 26,6 милијарди долари.
Мерката вклучува прекин на исплата на минимална плата на граѓаните, како и зголемување за три пати на данокот на додадена вредност, што треба да ги зајакне државните финансии кои настрадаа од падот на цените и намалената побарувачка за нафта.
“Минималната плата ќе биде прекината од први јуни, а данокот на додадена вредност ќе се зголеми од пет на 15% од први јули“, изјави министерот за финансии на Саудиска Арабија.
Други мерки вклучуваат откажување или суспендирање на некои оперативни и капитални расходи за голем број државни институции и намалување на кредитите кои се планирани за некои владини иницијативи, вклучително и проектот Vision 2030.
Некои експерти предвидуваат дека Саудиска Арабија наскоро може да се соочи со силна финансиска криза: резервите на земјата се празни. Во март паднаа за рекордни 27 милијарди долари.
Во 2014 година, кога цената на нафтата почна да паѓа, резервите на кралството изнесуваа 375 милијарди долари и за три години беа намалени за третина. Државата тоа го искористила за да го поправи буџетскиот дефицит.
Фото: Pixabay