Милиони рози дневно се уништуваат во Русија

39

Одгледувачите на рози во Русија се принудени дневно да уништуваат милиони цвеќиња поради намалената продажба, предизвикана од коронавирусот, пренесува Reuters.

Во Русија има цвеќарници коишто работат и по 24 часа дневно, а поради моменталната ситуација, се уништуваат 1,2 милиони рози дневно.

“Со солзи во очите се оние кои ги фрлаат, бидејќи сите се расцветани“, вели Јулија Чаришкина, сопственик на Podosinka greenhouse complex.

Од 50.000 на 5.000 рози дневно е намалена побарувачката на рози дневно во Русија, поради одлуката на властите да се затворат сите фирми во земјата за да се спречи ширењето на коронавирусот.

И Холандија се соочува со ваков проблем. Според податоците, досега се уништени меѓу 70 и 80% од годишното производство на цвеќе во Холандија. Тоа, како што се наведува, е тежок удар за земјата за која лалињата се подеднакво важен симбол за националниот идентитет исто како и ветерниците, сирењето и култните кломпи.

Фото: Pixabay