Милионски загуби на BH Airlines

61

bh

Авиопревозникот BH Airlines во 2013 година оствари загуба од 2,25 милиони евра, а според оцената на Канцеларијата за ревизија на институциите во ФБиХ, во прашање е стабилноста на неговото работење поради константната неликвидност, пасивниот однос на сопственикот и неефикасното управување, пишува Независне новине.

Приходите изнесувале 8,85 милиони евра и забележан е пад на бројот на превезени патници, а акумулираната загуба од претходните години изнесува над 10 милиони евра. Фирмата има два ATR авиони и два помали авиони што не се оперативни. Договорена е продажба на двата ATR авиони и еден помал поради намирување на дел од обврските.

За примања на вработените во 2013 година се потрошени 1,84 милиони евра. Просечната плата изнесувала 678 евра. BH Airlines нема платено придонеси за пензиско – инвалидско осигурување година и осум месеци, од април 2012 до декември 2013 година, за што должи скоро 614.000 евра, пишува Независне новине.