MilliDelta – минијатурен мултифункционален робот

41

millidelta-6168

Фото: Wyss Institute

Инженери од Harvard Wyss Institute создадоа мини робот наречен MilliDelta, а е изработен од композитна структура со флексибилни зглобови.

Минијатурниот робот е со димензии 15 x 15 x 20 милиметри и може добро да се снајде во простор од околу седум милиметри кубни со прецизност од пет микрони.

Мини роботот може да подигнува и пакува мали предмети, како електронски компоненти или ќелии во лаборатории за истражување. Освен тоа, успешно асистира и при операции со микроскопска прецизност.