Минатата година е произведено рекордно количество сладолед

17

Во 2022 година, Европската унија произведе 3,2 милијарди литри сладолед, што е зголемување за пет проценти во споредба со 2021 година.
Најголем производител на сладолед беше Германија со 620 милиони литри, потоа Франција (591 милион литри) и Италија (571 милион литри), покажуваат податоците на Евростат.

Покрај тоа што е најголем производител на сладолед, Германија произведуваше во просек и најевтин сладолед чија цена достигна 1,5 евро за литар. Франција објави просечна цена од 1,9 евра за литар, додека во Италија просечната цена достигна 2,3 евра.

Најскапиот сладолед се произведува во Австрија, а неговата цена достигнува дури 7 евра за литар. Следат Данска (4,4 евра за литар) и Финска (2,8 евра за литар).

Минатата година земјите од ЕУ извезоа 250 милиони килограми сладолед во земјите надвор од Унијата, а неговата вкупна вредност достигна 930 милиони евра. Увозот од земји кои не се членки на ЕУ изнесува 61 милион килограми со вредност од 203 милиони евра.

Франција беше најголемиот извозник на сладолед и во 2022 година продаде 53 милиони килограми од овој деликатес на други земји. Европската унија целосно го намали извозот на сладолед во земјите надвор од ЕУ за 14 отсто.